Претседателот на Севиља: Рамос провоцира, па се жали дека го вреѓаат

by
3 минути читање

Капитенот на Реал Мадрид неодамна им замери на фановите на Севиља за лошиот третман кој го добива на Рамон Санчез Писхуан.

Серхио Рамос потоа го нападна и првиот човек на клубот и го обвини дека не прави ништо за да престанат вербалните напади кои тој ги добива секогаш кога ќе се врати во Андалузија.

„Шокиран сум од претседателот на Севиља зошто одбива јавно да им се спротивстави на насилните навивачи” – рече Рамос. „Тие не заслужуваат почит”.

Првиот човек на Севиља, Хосе Кастро денеска му одговори на дефанзивецот, вели дека и Серхио Рамос сноси вина за навредите бидејќи провоцирал и му порача на играчот да не се меша во работата на клубот.

„Изненаден сум што првото прашање кое ми го поставивте е за Рамос а не за второто место на кое се наоѓа Севиља и рекордниот број на бодови” – рече Хосе Кастро на денешната средба со новинарите.

„Серхио е одличен фудбалер, кој не напушти и сега игра за Реал Мадрид”.

„Но треба да се посвети на настапите за неговиот клуб, а не да дели совети на претседателот на неговиот поранешен тим. Ако веќе сака да дели совети, нека го советува претседателот на Реал Мадрид”.

„Ние и онака имаме доста проблеми и работиме многу понапорно на борбата со вербалните напади отколку што тој мисли”.

„Да, точно е дека имаше навреди на негова адреса но самиот сноси вина, со оглед на тоа дека дека ги сруши мостовите”.

„Јас пред две години покренав иницијатива за да се реши проблемот помеѓу навивачите и Серхио Рамос, но тој направи мало шоу на теренот и одново ги испровоцира”.

„Немам ништо против него, но морам да ги бранам интересите на Севиља”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани