Гери Кејхил и Џон Тери го посетиле Рајан Мејсон во болница

by
1 минути читање

Англиските медиуми пишуваат дека Гери Кејхил не можел да остане смирен по судирот со Рајан Мејсон, па заедно со Џон Тери и асистент тренерот Стив Холанд отишле во болницата каде што играчот на Хал бил опериран.

Тројцата отишле да видат каква е состојбата на Мејсон и поминале време со неговите родители.

За разлика од Мејсон, Гери Кејхил го одигра целиот меч и постигна гол. Конте по натпреварот призна дека ситуацијата со дефанзивецот на Челси не била најдобра, но одлучиле да остане на теренот до крај.

„По првото полувреме не беше се во ред со Кејхил, но одлучивме да продолжи да игра“ – призна Конте.

По синоќешниот тежок инцидент, медиумите јавија дека Рајан Мејсон се бори за живот, но откако му беше извршена операција на черепот Хал потврди дека тој се наоѓа во стабилна состојба и во наредните неколку денови ќе остане во болница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани