186
Лука Модриќ и Марсело предвреме го завршија дуелот со Малага, па утрово врз играчите беа извршени детални прегледи за да се утврди точниот тип на повредите.
Реал Мадрид попладнево пренесе дека Хрватот имал полесна повреда на препоните, додека пак Бразилецот има исекотина во мускулот на задната ложа на левата нога.
Вестите за Лука Модриќ се многу подобри од првичните прогнози и се очекува фудбалерот од средниот ред да паузира помеѓу 7 и 10 дена.
Но затоа пак повредата на левиот бек не е воопшто наивна и се предвидува Марсело да биде надвор од стројот околу еден месец.