Французинот
изминатово лето се врати на Олд Трафорд во светски рекорден трансфер од 105
милиони евра, но често е критикуван поради слабите партии.
Во разговор со
медиумите од „Островото“, Руд Гулит вели дека Пол Погба мора да се промени или
во спротивно ризикува да заврши како Мемфис Депај, кој минатата недела се
пресели во Лион откако не успеа да се наметне во стартниот состав на „Црвените
Ѓаволи“.
Легендата на
Холандија верува дека репрезентативецот на „Триколорите“ повеќе внимание посветува на животниот стил отколку на тоа како да се подобри.
„Тој можеби е
најскапиот фудбалер во светот, но тоа ништо не значи доколку повеќе време троши
на стилот на облекување, бојата на коста или пак социјалните медиуми” – вели Гулит.
„Пол треба да учи
од Мемфис, за кратко време ќе сфати дека да се успее во Англија и да се
достигне врвот е можно само доколку секоја недела играш на високо ниво и доколку
максимално и се посветиш на кариерата”.
„Депај беше остро
критикуван поради тоа што повеќе се грижеше за својот имиџ наместо за тоа да се
подобри на теренот”.
„И Погба ќе го
навлече гневот на фановите. Луѓето ќе почнат да се жалат и да го критикуваат. Дури
и за најголемите фудбалски ѕвезди има едно големо правило: На прво место доаѓа
прикажувањето на одлични партии за клубот. Не дозволувај да бидеш во центарот
на вниманието поради други работи. Тоа е мојот совет”.