Керол за Паје: Еден човек не може да го уништи тимот

by
1 минути читање

Паје беше најдобриот играч на Вест Хем минатата сезона, но Французинот сака да си замине и се заколна дека веќе нема да игра за лондонскиот клуб.

Но откако не е во тимот Вест Хем врза две победи, најпрво против Кристал Палас а потоа и против Мидлсброу. 

„Нашиот одговор само докажува дека момците се комплетно посветени, нашата пасија за фудбалот, за менаџерот и за клубот е голема“ – вели Енди Керол кој игра во одлична форма.

„Ниту еден играч не може да сруши било што. Мислам дека тимот се бори максимално, а фановите се зад нас, се е одлично. Тимот е многу сплотен, сведок сум на тоа откако дојдов тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани