Суарез: Тешко е да се замени Бускетс

by
1 минути читање

Рано на мечот против Еибар, Серхио Бускетс заработи повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот. Информациите велат дека оштетил лигаменти на десниот зглоб.

„Знаеме колку важен играч е Бускетс, тој ни помага да ја контролираме играта. Неговото отсуство е голема загуба за нас, но ќе се потрудиме тоа да не се почувствува“ – вели Луис Суарез.

Луис Енрике вели дека повредата на Суарез не е страшна колку што изгледала, но ги очекуваат дополнителните тестови кои ќе покажат колку ќе му треба за да се врати на теренот.

„Гледајќи како Серхио се повреди, добра вест е што не изгледа сериозно како што се очекуваше. Ќе биде голем проблем ако не можеме да сметаме на него, но имаме опции“ – вели Луис Енрике.

На местото од Бускетс во игра влезе Денис Суарез кој го постигна првиот гол во победата од 4-0 на гостувањето кај Еибар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани