Дефанзивецот
потекнува од младинската школа на клубот од Андалузија, но не омилен кај дел од
публиката на Рамон Санчез Писхуан, особено оние најжешките навивачи на Севиља.
Слична беше
ситуацијата и на вшерашниот реванш во Купот на Шпанија, Серхио Рамос од
одредени трибини добиваже свирежи, а беа упатени и навреди на негова адреса.
Ситуацијата
дополнително се вжешти кога во завршниот дел од средбата играчот со „паненка“
постигна гол од белата точка.
„Не покажав
непочитување кон никого” – вели дефанзивецот. „Не ми се допаѓа однесувањето на
дел од трибините, кои ме исвиркуваат и ја навредуваа мојата мајка и мене уште
од првата минута”.
„Севиља секогаш
ќе биде мојот дом, но јас сум капитен на Реал Мадрид и ќе ги бранам боите на
мојот тим”.
„Долги години
доаѓам на стадионов и никогаш не сум пречекан онака како што посакувам, онака
како што ги пречекуваат другите”.
„Иван Ракитиќ и
Дани Алвеш ги пречекуваат како богови. Мене ми ја пцујат мајката”.