Роналдо: 2016 беше мојата најдобра година во кариерата

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо имаше неверојатна година, ја предводеше Португалија до титулата Европски шампион и со Реал Мадрид го освои трофејот од Лигата на шампионите. 

Пред еден месец на Роналдо му беше доделена Златната топка, е синоќа ја собра и наградата „Д Бест“ од ФИФА.

„2016 година беше најдобрата во мојата кариера. Мислам дека и трофејот го покажува тоа. После тоа што се освоив и што направив, немав сомнеж дека можам да дојдам до оваа награда, оваа година беше неверојатна за мене на лично и спортско ниво. Никогаш нема да ја заборавам оваа прекрасна година“ – изјави Роналдо.

Наградата за најдобар тренер му припадна на Клаудио Раниери кој имаше магична сезона со Лестер освојувајќи ја Премиерлигата.

Навивачите на Ливерпул и Борусија Дортмунд беа прогласени за фанови на годината за атмосферата која ја направија на Енфилд во април минатата година кога заедно ја испеаа “You’ll Never Walk Alone”.

Наградата за Фер плеј замина кај Атлетико Национал кој побара трофејот од Копа Судамерикана да биде доделен на Чапекоенсе по нивната голема трагедија кога во авионска несреќа го загубија речиси целиот тим.

Чарли Лојд беше прогласена за најдобра фудбалерика, додека поранешната селекторка на Германија, Силвија Најд е најдобра тренерка.

Во тимот на годината доминираа ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид: Мануел Нојер, Дани Алвеш, Жерар Пике, Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Луис Суарез, Кристијано Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани