Дебакл на Македонија У19, Норвешка со фудбалер помалку ни даде шест голови!

by
1 минути читање

Норвешка уште во четвртата минута од натпреварот остана со играч помалку, но и покрај тоа ни одржа лекција.

Избраниците на Неџат Шабани дадоа гол во шестата минута, погоди Шабан Зенку за водство од 1-0. Имавме предност и играч помалку, ништо не наговестуваше дека можеме да примиме шест голови.

Но, Норвешка брзо направи пресврт, од 10 до 16 минута Нуса и Ароен погодија за предност на Норвешка од 2-1. Трајков во 20. минута успеа да изедначи на 2-2 и потоа застанавме.

Норвешка до крајот на првиот дел даде уште два гола, Нуса и Ароен повторно беа стрелци, на полувремето гостите имаа водство од 4-2.

Во вториот дел Енг и Ѓенгаар постигнаа голови за конечна победа на Норвешка над Македонија од 6-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×