Милевски: Азербејџан е квалитетна репрезентација, ќе играме да победиме

by
1 минути читање

Утре Македонија има нов тест, меч против Азербејџан на Националната Арена „Тодор Проески“ кој почнува од 14 часот, тоа ќе биде последна контрола пред мартовски квалификации за ЕП 2024.

„За жал, утре Бојан Миовски нема да игра поради болест, а поради приватни причини  го ослободив и Езгјан Алиоски. Ќе мора да играме без нив двајца. Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и утре. Секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро не скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина и ќе стигнеме до победа“, вели селекторот Милевски.

„Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари го потврдуваат нивниот квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата. Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација и ќе направиме се да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×