Елмас: Знам дека можам да бидам уште подобар

by
1 минути читање

Македонија одигра 1-1 против Финска во пријателскиот натпревар. Реализацијата повторно беше проблем.

„Нема рани (нереализацијата – н.з.), сè е тоа дел од фудбалот и треба уште доста работи да се поправат, но ние сме тука сплотени, иако ни фалат и многу играчи кои се повредени. Сепак заедно сме, треба да даваме сè од себе и да ја однесеме Македонија на нивото на кое треба да биде. Финска е добра селекција, знае да игра фудбал, а ние одигравме сè што бараше селекторот, но сепак мора да поправиме одредени сегменти да за бидеме подготвени во март“, вели Елмас.

Елмас е задоволен што почна повеќе да игра во Наполи, но вели дека може да биде и подобар од тоа што е сега.

„Многу работи се сменија во последно време, сега малку повеќе играм и психолошки сум подобар, но не е тоа што треба да бидам. Сакам да одам и знам дека можам уште едно скалило нагоре“.

Фото: ФФМ

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×