Алиоски: Без разлика дали е пријателски или квалификациски меч, ние сакаме позитивен резултат

by
1 минути читање

Пред Македонија се два пријателски натпревари кои се играат на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Во четврток играме со Финска, а во недела со Азербејџан.

„Не е лесно после сите мечеви кои ги имавме изминатиов период, уморни сме, но најважно од сè е да нема повреди. Овие пријателски мечеви се важни за нас, сакаме да победиме. Неважно е каков меч е, пријателски или квалификациски, секогаш сакаме позитивен резултат. Неважно е и на кој ранкинг сме, зашто денеска нема фаворити, туку само треба да веруваме во себе и да се трудиме секогаш да направиме подобри резултати“, вели Алиоски.

„Знаеме каков квалитет имаме, мора секогаш да бидеш на врвно ниво, но респект за секој што дојде да игра, после овој распоред на мечеви – уморни. Треба многу дисциплина и треба да се најде мотивација, затоа велам респект за секој што доаѓа да игра за репрезентацијата, зашто не е лесно да дојдеш после толку мечеви да играш пријателски мечеви. Но тоа е фудбалот, го сакаме ние и затоа сме тука“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×