Вардар се мачеше да го скрши отпорот на Беласица, конечно тоа се случи во 75. минута кога Кире Маркоски постигна гол, но само седум минути подоцна Гугуљанов реализираше за струмичкиот состав и му скрати два планирани бода на скопскиот тим.
Тетекс беше понижен во Битола, Пелистер им даде дури 11 голови. Хет-трик даде Борче Маневски, а уште осуммина други фудбалери на Пелистер се запишаа по еднаш во листата на стрелци – Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумовски, Фазлиу, Трајковски и Здравевски.
Втора лига 12. коло:
Вардар – Беласица 1-1
Пелистер – Тетекс 11-0
Карароман – Локомотива Пехчево 1-1
Детонит Плачковица – Беса 3-0
Борец – Каменица Саса 0-3
Кожув – Слога Виница 2-0
ВЧЕРА
Охрид – Гостивар 1-2
Арсими – Воска 1-2
ТАБЕЛА: Гостивар 30, Вардар 29, Воска Спорт 27, Детонит П. 24, Пелистер 23, Охрид 22, Караорман 18, Беласица 16, Беса 14, Кожув 14, Арсими 13, Каменица Саса 12, Локомотива П. 11, Слога Виница 9, Тетекс 7, Борец 0.
Фото: ФК Вардар
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.