Струга ја враќа формата од почетокот на сезоната, денеска одиграа одличен меч против Шкендија и заслужено дојдоа до трите бода.
Голот беше постигнат во 40. минута кога Цаке погреши, тоа го искористи Малески и постигна гол за водство на Струга од 1-0, што се покажа и како конечен резултат.
Шкупи поради казната, во Кичево беше домаќин на Скопје. Чаирчани победија со 3-1.
Скопје поведе уште во третата минута со гол на Настевски, но Шкупи брзо се врати и со голови на Цефас и Магвелашвили уште во првото полувреме го сврте резултатот. Во вториот дел Хамиди ги постави конечните 3-1.
Академија Пандев конечно се израдува на победа, го совлада Силекс со 3-0. Головите ги дадоа Донов, Трајков и Ангелов.
Со 3-0 победи и Тиквеш против Работнички. Ивановски, Миловановиќ и Христов погодија за кавадарчани.
Утре играат Македонија Ѓорче Петров и Брегалница. Слободна е екипата на Победа.
Резултати:
Струга ТЛ – Шкендија 1:0
Шкупи – Скопје 3-1
Академија Пандев – Силекс 3:0
Тиквеш – Работнички 3:0
Македонија ЃП – Брегалница утре
Победа – слободна
Табела:
1. Струга ТЛ 30 (14)
2. Шкупи 25 (13)
3. Шкендија 24 (14)
4. Силекс 23 (14)
5. Тиквеш 22 (14)
6. Брегалница 19 (13)
7. Македонија ЃП 16 (12)
8. Работнички 15 (14)
9. Академија Пандев 12 (14)
10. Победа 11 (13)
11. Скопје 6 (13)
*во заграда е бројот на одиграни натпревари
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.