178
Поради инцидентот кој се случи на Чаир кога влегоа навивачи на Шкупи и ги нападнаа фудбалерите на Шкендија, скопскиот тим нема да може да игра на свој терен.
Шкупи требаше да одбере терен кој ќе биде најмалку 100 километри далеку од Чаир. Тие одбраа да бидат домаќини во Кичево.
Дуелот со Скопје од следното коло ќе се игра на Градскиот стадион во Кичево.
Дисциплинската комисија при ФФМ, дополнително треба да одлучи со колку натпревари ќе го суспендира теренот во Чаир.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.