Поради големиот инцидент, Шкендија службено со 3-0 го доби натпреварот со Шкупи и се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија. Но тоа што се случуваше во Чаир, ги вознемири сите.
Нетрпението меѓу навивачите на Шкендија и Шкупи има историја, инциденти се случуваа и минатата сезона, па тетовскиот клуб бара војната да престане.
„Фудбалот е натпревар, но целта е да се соберат што е можно повеќе луѓе заедно и да уживаат. Фудбалот ги привлекува различните луѓе. И како што вели спонзорот на Шкендија: „Не го правиме тоа на начин кој предизвикува насилство“.
После сите работи кои се случија во Чаир во прекинатиот меч од четвртфиналето на Купот меѓу Шкупи и Шкендија, овој пат клубот нема да излезе со соопштение за осуда за нападот на играчите, за навредите и пцовките од индивидуалци или нападот на нашиот автобус по напуштањето на Скопје.
Шкендија како клуб повикува на ургентно стоп за оваа екстремна омраза и фанатизам меѓу двете навивачки групи, затоа што тоа не само што им штети на нашите клубови, туку и на невините луѓе кои немаат ништо со фудбалот.
Не е улога на Шкендија да посочи кој започнал, кој го продолжил, или кој е повеќе или помалку виновен! Шкендија е јасна – Стоп на омразата и немилите сцени на нашите натпревари!“, се вели во соопштението на Шкендија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.