Вардарци се покажаа како ужасни пеналџии па доживеаја елиминација во четврфиналето од Купот на Македонија.
Филип Гачевски џабе беше расположен и одбрани два обиди во пенал рулетот, кога тројца негови соиграчи промашија од белата точка и Силекс на крајот славеше со 3-2.
Лидерот во ПМФЛ, Струга Трим Лум со 2-0 триумфираше против Брегалница и обезбеди полуфинале, а таму ќе се најде и бранителот на трофејот, Македонија ЃП по минималната победа од 1-0 над Академија Пандев.
Дербито помеѓу Шкупи и Шкендија траеше само десетина минути и сега ФФМ на зелена маса ќе одлучува, веројатно „црвено-црните“ од Тетово ќе бидат тие кои ќе го продолжат настапот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.