Инцидент во Чаир: Специјалци ги спасуваа фудбалерите на Шкендија од бесните навивачи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито помеѓу Шкупи и Шкендија во Купот на Македонија траеше само десетина минути, откако гостите поведоа со 0-1, се случи голем инцидент.

Стрелецот Дашмир Елези се радуваше пред навивачите на Шкупи, кои тоа го сфатија како провокација па дојде до вистински хаос. Популарните „Шверцери“ влегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат со гoстинските играчи, а фрлаа и тврди предмети и пиротехника.

Веднаш реагираа припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои спречија поголем инцидент и ги штитеа фудбалерите на Шкендија на патот кон соблекувалните.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×