Македонецот изминатиов викенд по речиси два месеци беше стартер во Серија А и постигна гол со кој Наполи славеше со 1-2 на гостувањето кај Аталанта.
И покрај тоа што е во втор план кај Лучано Спалети, неколку клубови пројавуваат интерес за услугите на Елиф Елмас.
Новинарот Чиро Венерато открива дека Бенфика тропнала на вратата на Наполи, понудила 15-18 милиони евра, но одговорот бил негативен.
„Веста ми ја сподели новинар од А Бола (португалски весник), Бенфика беше подготвена да плати помеѓу 15 и 18 милиони евра. Па веднаш му се јавив на Кристиајно Џинтоли (спортскиот директор на Наполи) и го прашав дали има вистина. Тој ми рече, „Да, навистина добивме понуда, но Елмас не е на продажба““ – раскажува новинарот Чиро Венерато.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.