Елмас ја објасни полемичната објава со клупата и контроверзијата која ја креираше

by
1 минути читање

Новото засилување
Хвича Кварацхелија игра во страшна форма, па Грузиецот ужива поголема доверба кај
Лучано Спалети а Елиф Елмас има ограничена минутажа.

Македонецот
минатиот месец креираше контроверзија откако на социјалните мрежи објави фотографија
од клупата и напиша: „Мојата прва љубов (клупата)“.

Откако синоќа
беше стартер во Серија А за прв пат по речиси два месеци и успеа да постигне
гол со кој Наполи славеше со 1-2 на гостувањето кај Аталанта, Елиф Елмас ја
објасни полемичната објава.

„Се работеше за
обична шега, немав намера да правам контроверзии. Среќен сум кога тимот победува, без разлика дали јас играм или не. По тешкиот период низ кој поминав, мило ми е
што тренерот ми укажа доверба и ете мојот гол помогна да ги освоиме трите бода.
Се наоаѓаме на прав пат, но првенството е долго“
– вели Елиф Еламс.

Тој исто така
додава дека има одличен однос со Хвича Кварацхелија, и покрај тоа што двајцата
конкурираат за исто место во тимот.

„Тренерот на два
чаас пред натпреварот кажува кој ќе игра. Морам да признам дека малку бев под стрес бидејќи не сум бил стартер подолго време, но секогаш сум подготвен и
секогаш го давам најдоброто од себе“.

„Квара е добро
момче, кога пристигна, се обидов да му помогнам. Одлично се снајде и среќен сум
за него“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×