Академија Пандев игра во лоша форма, а поразот на домашен терен од Работнички го принуди Васоски да врачи оставка од кормилото. Сепак раководството на клубот смета дека тој е вистинскиот човек кој треба да го води клубот.
„На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот, беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Александар Васоски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА.
Управниот Одбор смета дека Александар Васоски е еден од најдобрите тренери во Македонија и дека тоа и ќе го докаже во наредниот период. Дадена му е целосна поддршка во сите одлуки кои смета да ги спроведе во иднина, за враќање на победничките патеки. Во минатото клубот се соочуваше и со подолги резултатски кризи, но на крај секогаш преку единство и сплотеност доаѓаше до остварување на зацртаните цели, затоа сметаме дека прифаќањето на оставката не е правото решение“, стои во соопштението на Академија Пандев.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.