200
Васоски во минатата сезона беше одличен на клупата на Академија Пандев, по што замина во Сараево. По босанската авантура, тој се врати во Академија Пандев, но работите овојпат не се одвиваа исто како првиот пат.
Академија Пандев редеше порази во изминатиот период, а денешниот против Работнички ја прели чашата, по што Васоски реши да си поднесе оставка.
„По последниот пораз и серијата лоши резултати, ја преземам одговорноста и си поднесувам оставка од клупата на Академија Пандев. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Васоски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.