188
Динамо Загреб синоќа со убедливи 4-0 загуби на свој терен од Милан и шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите ги сведе на теорија.
Хрватските медиуми по натпреварот прстот го вперија во Адеми.
Индекс напиша статија со наслов: „Адеми е најголемиот проблем на Динамо оваа сезона“
„Сезонава најголем проблем за Динамо Загреб е Адеми. Легендата на клубот и омилен фудбалер кај навивачите игра сè полошо и не може да го издржи ритамот. Ова не е добро ниту за него, ниту за Динамо. Тренерот Чачиќ нема кого да стави на негово место, но мора да смисли решение“, се вели во анализата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.