190
Денеска во Штип Брегалница и Академија Пандев го отворија 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Останатите четири меча се играат утре.
Брегалница пред денешниот меч на пет натпревари по ред не знаеше за победа, таквата серија конечно ја прекинаа. Исто толку меча немаше триумф ниту Академија Пандев, но тимот на Васоски продолжи со негативни резултати.
Клучниот момент на средбата се случи во 62. минута кога Додев постигна гол за водство на Брегалница од 1-0, што беше и конечен резултат.
Утре играат: Скопје – Шкендија, Победа – Струга ТЛ, Работнички – Силекс и Шкупи – Тиквеш.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.