Репрезентацијата на Македонија главно составена од домашни фудбалери, минимално со 1-0 загуби од Саудиска Арабија.
Мечот по барање на Саудиска Арабија беше од затворен тип.
Во првото полувреме главно се играло на средината на теренот, без посериозни шанси и на двата гола.
Клучниот момент се случи во 85. минута кога Калид Салех Калид Алшехри погоди за водство и победа на Саудиска Арабија од 1-0.
Во самиот финиш од мечот Македонија била оштетена за два пенали во иста акција. Стојановски прво непрописно бил блокиран, бил влечен од противникот, а во продолжението играч на Саудиска Арабија со рака од гол линијата ја извадил топката по удар на Трпановски.
СОСТАВ: Наумовски (од 58. Алексовски), Тошевски (од 79. Илиевски), Бејтулаи (од 88. Младеновски), Велковски (од 64. Мерџани), Брдаровски, Адем (од 58. Николов, Димовски, Хасани (од 58. Трапановски), Дориев, Максимов (од 58. Шабани, Ибраими (од 46. Стојановски).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.