Македонската репрезентација која ќе игра против Саудиска Арабија претежно е составена од фудбалери кои играат во домашното првенство. Еден од интернационалците е Дарко Велковски.
Дефанзивецот го истакнува тоа што оваа група на фудбалери првпат е заедно, но верува дека ќе одиграат добар натпревар против Саудиска Арабија.
„Околностите се малку поинакви од вообичаените на кои сме навикнати. Со некои од фудбалерите прв пат сме заедно, но тренираме добро. Тест натпреварот со Саудиска Арабија ќе биде вистински предизвик за оваа селекција. Противникот заврши прв во групата во Азија за пласман на Светското првенство и навистина ќе биде тежок натпревар, пред се на физички план, бидејќи некои од нас сеуште се адаптираат на временските услови во Абу Даби. Работиме да анализа на противникот, имаме уште неколку заеднички тренинзи и се надевам дека одлично ќе одговориме на овој предизвик. Не се сомневам дека тактички ќе бидеме на високо ниво, стручниот штаб посветува големо внимание на тој дел од нашата игра за секој натпревар. Сметам дека ќе бидеме подготвени за добар натпревар“, вели Дарко Велковски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.