Македонија со состав претежно од фудбалери кои настапуваат во домашното првенство, на 22. октомври ќе одигра пријателски меч со Саудиска Арабија.
Бесарт Ибраими е еден од најискусните во овој состав на нашата репрезентација.
„Убаво е чуството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија“, вели Ибраими.
„Нѐ очекува силен предизвик. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе бидат мотивирани за победа и зголемување на самодовребата пред почетокот на Светскиот шампионат. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.