Актуелниот шампион на Македонија, Шкупи се врати во битка за титулата откако го совлада лидерот Струга Трим Лум во 11. коло.
Клучниот момент се случи по десет минути игра во вториот дел кога судијата Ставрев покажа пенал за Шкупи при една кграјно сомнителна ситуација. Се случи судир меѓу голманот Ведран Ќосевски и Сандеј Адетунџи, судијата сметаше дека тоа е прекршок врз напаѓачот на Шкупи и покажа на белата точка.
Фреди Алварез прецизно го изведе пеналот и донесе водство на Шкупи што беше и конечен резултат.
До крајот на мечот Шкупи пропушти две големи шанси за израмнување, едната преку Кочоски, другата преку Укпа.
По 11 одиграни кола, Струга Трим Лум останува на врвот со шест бода повеќе од Шкендија и седум од Шкупи и Силекс.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.