Македонија немаше среќа во ждрепката, доби група со двајца јасни фаворити, селекциите на Италија и Англија, во нашата група се уште и Украина и Малта.
Групата е исклучително тешка, а тоа значи дека шансите за едно од првите две места кои водат на Европското првенство 2024, се многу мали за Македонија.
„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме“, вели селекторот Благоја Милевски.
„Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.