Најубедлива беше Академија Пандев која со 9-0 го совлада Љуботен. Мрежата на своите противници ја наполнија и Шкупи, Шкендија и Вардар.
Шкупи со 6-0 славеше над Воска Спорт, а Шкендија со 5-0 го победи Скопје, Вардар со 4-0 ја помина Фортуна.
Неизвесно беше на мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички кој го доби струшкиот тим со 2-1, но романтичарите имаа водство.
Брегалница со 1-0 го совлада Пелистер, а на гостински терен единствено победи Силекс кој беше подобар од Тиквеш.
Останува да се одигра уште мечот меѓу Победа и Македонија Ѓорче Петров кој е закажан за 19 октомври.
Резултати:
Академија Пандев – Љуботен 9:0
Брегалница – Пелистер 1:0
Шкендија – Скопје 5:0
Шкупи – Воска Спорт 6:0
Струга ТЛ – Работнички 2:1
Тиквеш – Силекс 0:1
Вардар – Фортуна 4:0
Победа – Македонија ЃП (19 октовмри)