Македонското МНР ги осуди навредите кон Бугарите и исвиркувањето на нивната химна

by
1 минути читање

На вчерашниот меч во Скопје, бугарската химна беше исвиркана, а чести беа и навредите кон Бугарите во текот на мечот. МНР утринава излезе со реакција за настаните.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“, се вели во реакцијата на МНР.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×