Играчот на Хајдук, Јани Атанасов вели дека и покрај тоа што Македонија не е комплетна тие што ќе играат ќе го дадат најдоброто од себе за да ги освојат трите бода во Грузија.
„Не сме комплетни, ни фалат некои играчи, но затоа сме ние тука, да дадеме се од себе, да гинеме како секогаш за репрезентација. Одиме во Грузија на три бода, се чекаат задачите на селекторот и останатото е на нас“, вели Јани Атанасов.
„На мечот во Скопје не бевме доволно агресивни, но се надевам дека во Грузија ќе покажеме агресивност и желба за три бода“.
„Имаме доста млади играчи. Жедни сме за успех, жедни сме за докажување поготово кога станува збор за мечевите со репрезентацијата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.