158
Струга Трим Лум го задржа 100% учинок, избраниците на Захариевски го победија Тиквеш за осум од осум.
Бесарт Ибраими најави нов триумф со гол во 9. минута, а трите бода беа осигурани во финишот кога Дарко Илиевски погоди за конечни 2-0.
На дербито во Тетово, Шкендија и Шкупи одиграа реми без голови. Домаќините беа подобар противник, заслужија да победат, но потфрлија во реализацијата и не успеаја да го совладаат Кристијан Наумовски.
Работнички го доби дербито на дното против Победа, Анес Рушевиќ донесе минимална победа од 1-0.
Единствената гостинска победа денеска ја забележа Македонија ЃП, која триумфираше кај Акедемија Пандев со 0-1 со голот на Кристијан Стојковски.