Во понеделник почнува продажбата на билети за дуелот со Бугарија, нема да може да се купи он-лајн

by
1 минути читање

Македонија ја пречекува Бугарија на 26. септември на арената „Тодор Проески“ Скопје во последното коло од Лигата на нации.

Поради политичките случувања помеѓу двете земји, интересот сигурно ќе биде голем и попладнево ФФМ откри дека билетите ќе се пуштат во продажба на 19. септември.

Продажбата на билети ќе се реализира само со физичко присуство на купувачите и нема да биде дозволено онлајн купување на влезници за мечот против Бугарија

Едно лице може да купи најмногу четири билети, а притоа ќе мора да достави податоци за сите лица за кои купува билети.

Цени на билети:  

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 – 250 денари

Блок 21 и 23 – 250 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6 – 250 денари

Блок 3 и 4 – 350 денари

За повеќе информации за билетите може да ја посетите официјалната страна на ФФМ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×