Извлечени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија

by
1 минути читање

Во „Куќа на фудбалот“ денеска се оддржа ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија.

Освојувачот Македонија ЃП оди на гости во Прилеп, додека финалистот Силекс гостува во Кавадарци. Лесни задачи, барем на хартија за Шкендија, Академија Пандев и Шкупи. Играат домашни натпревари против Скопје, Љуботен и Воска.

Лидерот во ПМФЛ, Струга Трим Љум на свој терен ќе ја пречека екипата на Работнички, Вардар ја доби Фортуна, Пелистер ќе гостува кај Брегалница.

Натпреварите ќе бидат одигран на 5. октомври со почеток во 14. часот.

Осминафинале во Купот на Македонија:

Струга Трим Љум – Работнички

Брегалница – Пелистер

Вардар – Фортуна

Академија Пандев – Љуботен

Победа – Македонија Ѓ.П.

Шкупи – Воска

Шкендија – Скопје

Тиквеш – Силекс

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×