Без изненадувања, фаворитите се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија

by
1 минути читање

Најубедлива беше екипата на Академија Пандев која со 6-0 победи на гостувањето кај Тетек, по еден гол помалку дадоа Работнички кај Коњаре и Победа во Карбинци.

Шкупи со 2-1 славеше кај Беласица, а Струга со 2-1 го победи Вардар Неготино. Скопски Вардар со убедливи 3-0 славеше против Каменица Саса, Пелистер со 1-0 беше подобар од Гостивар.

Шкендија со сигурни 3-0 го доби дуелот со Караорман, со истиот резултат Брегалница славеше против Слога Виница, а Тиквеш со 2-0 беше подобар од Кожув.

Единствен домаќин кој дојде до победа беше екипата на Фортуна која со 5-3 го совлада Борец.

Мечевите службено ги добија Скопје со Црно Буки, Љуботен со Ренова и Воска со Зајас. 

Македонија Ѓорче Петров и Силекс како финалисти одат директно во осминафиналето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПРВО КОЛО

Вардар Неготино – Струга 1-2

Беласица – Шкупи 1-3

Коњаре – Работнички 0-5

Караорман – Шкендија 0-3

Слога Виница – Брегалница 0-3

Тетекс – Академија Пандев 0-6

Карбинци – Победа 0-5

Кожув – Тиквеш 0-2

Каменица Саса – Вардар 0-3

Гостивар – Пелистер 0-1

Фортуна – Борец 5-3

Црно Буки – Скопје 0-3 службено

Љуботен – Ренова 3-0 службено

Зајас – Воска 0-3 службено

Македонија ЃП и Силекс директно одат во осминафинале

Фото: ФК Вардар

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×