220
По поразот од 5-0 од Шкупи, што е втор ваков пораз оваа сезона за Работнички, Марковски реши да си поднесе оставка.
„Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од функцијата. Марковски поднесе оставка од морални причини“, стои во соопштението на клубот.
Стојанче Игњатов кој му беше прв асистент на Љупчо Марковски ќе го води тимот во куп натпреварот против БВК Коњари.
Во меѓувреме Работнички ќе бара нов тренер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК