Шест од шест за Струга, тимот на Захариевски ја зголемува предноста на врвот

by
1 минути читање

Тимот кој го предводи Срѓан Захариевски реди само победи на стартот од сезоната, денеска дојде до шесттиот триумф по ред откако со убедливи 3-0 славеше кај Академија Пандев во Струмица.

Буњамин Шабани погоди во првиот дел, а во вториот дел погодија и Бесарт Ибраими и Мерџани за сигурна победа на Струга.

Брегалница со 2-0 го урна шампионот Шкупи во Штип. Ова беше прв меч за чаирчани откако Гоце Седлоски си поднесе оставка. 

Клучниот момент се случи во 32. минута кога Адетунџи доби црвен картон поради неспортски потег. Ѓорѓи Ѓоргиев беше херојот на штипјани, двата гола беа негово дело во завршниот дел од мечот.

Шкендија и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено 1-1. Воша донесе водство за лавовите во 54. минута, тетовскииот тим израмни девет минути подоцна со гол на Дориев.

Силекс со 3-2 славеше над Тиквеш, а Скопје со минимални 1-0 ја совлада Победа. Работнички беше слободен во ова коло.

Резултати:

Брегалница – Шкупи 2:0

А. Пандев – Струга ТЛ 0:3

Шкендија – Македонија ЃП 1:1

Силекс – Тиквеш 3:2

Скопје – Победа 1:0

Табела

1. Струга ТЛ 18

2. Силекс 11

3. Шкендија 11

4. Брегалница 10 (-1)

5. Академија Пандев 7

6. Шкупи 7 (-2)

7. Македонија ЃП 5 (-1)

8. Тиквеш 4 (-1)

9. Работнички 4 (-1)

10. Скопје 3 (-1)

11. Победа 1 (-1)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×