Тренерот на Абердин: Миовски треба да биде немилосрден, нема што да остава друг да шутира пенали!

by
1 минути читање

Бојан Миовски ова лето започна нова авантура, се пресели во Абердин и одлично се снајде во новата средина, Македонецот веќе има пет погодока во првенството на Шкотска.

Против Ливингстон изминатиов викенд, Бојан Миовски можеше да стигне до хет-трик, но вториот пенал му го препушти на соиграчот Висенте Бесиџен.

Тренерот Џим Гудвин сепак смета дека Македонецот мора да шутира кога е на теренот и го советува во иднина да биде немилосрден.

„Сакам Бојан да биде прв стрелец на првенството на Шкотска. Исто така сакам да го предводи нападот на Македонија на следните натпревари и за да го стори тоа, потребни му се голови и потребно е да биде немилосрден“ – вели предводникот на Абердин.

„Сакам моите напаѓачи да бидат немилосрдни, да се „тепаат“ за топката кога имаме пенал., а не доброволно да остават било кој да шутне“.

„Ќе постигнеше хет-трик доколку го изведеше пеналот“.

„Разговаравме за ова, падна и по некоја шега и се насмеавме. Но доколку Вини го промашеше пеналот, поинаку ќе течеше разговорот“.

„Во иднина, доколку Бојан е на теренот, тој ќе ги шутира пеналите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×