Кога Алиоски потпиша за Фенербахче, многу турски медиуми напишаа дека Елмас бил најголем „виновник“ за овој трансфер, тој го убедил да за тој трансфер.
Но, Алиоски сега ги негира таквите пишувања, вели дека самиот ја донел одлуката иако признава дека разговарал со Елмас.
„Елиф ми е близок пријател од националниот тим на Македонија. Секако дека разговарав со него пред да дојдам во Фенер, но не е точно дека тој ме убедил да ја прифатам понудата. Јас и претходно сакав да дојдам во Турција. Тој е ептен талентиран фудбалер кому му посакувам се најдобро во кариерата, а кој само ми честита на трансферот. Ништо повеќе од тоа“, изјави Алиоски.
„Сум бил во Турција и претходно, имам многу роднини тука. Нашите култури се многу слични, а Истанбул е еден од најубавите градови во светот. Животот тука ќе ми биде предизвик, особено што ќе можат често да ги гледам роднините кои живеат во Бајрампаша. Инаку, немам зборови со кои можам да ја опишам атмосферата на стадионот на мојот нов тим. Пресреќен сум што и постигнав гол на домашен терен. Отсекогаш сонував да игра за овој голем клуб“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.