159
Спировски во моментов е слободен играч откако му заврши договорот со МТК Будимпешта. Последните информации велат дека тој ќе потпише едногодишен договор со Пјуник.
Ерменскиот клуб оваа сезона настапува во групната фаза од Конференциската лига.
Спировски во досегашниот дел од својата кариера играше за АЕК Ларнака, Мариупол, Хапоел Тел Авив и Ференцварош во странство, а ги носеше и дресовите на Пелистер, Работнички и Вардар.