Поради Елмас, Роналдо нема да може да го носи бројот 7 во Серија А

by
1 минути читање

Доколку се случи овој трансфер и Кристијано Роналдо се пресели во Наполи, тој во Серија А нема да може да биде ЦР7, односно нема да може на дресот да го има бројот 7 кој е негов заштитен знак.

Тој број му припаѓа на нашиот Елиф Елмас, а правилата во Серија А се јасни, не може да се менуваат броевите во текот на една сезона. Доколку некој заигра со одреден број, тој број е негов до крајот на сезоната.

Со оглед на тоа што новата сезона од Лигата на шампионите се уште не е почната, можеби Роналдо ќе го добие бројот 7 во тоа натпреварување, а Елмас ќе треба да одбере друг број.

Седмицата за Роналдо е повеќе од број, ЦР7 е бренд кој Португалецот го користи во свои маркетинг кампањи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×