222
Миовски денеска даде два гола во победата над Ливингстон, има вкупно 5 во шкотската најдобра лига и во моментов е прв стрелец.
Навивачите на Абердин имаат само позитивни импресии од Македонецот, го величаат на социјалните мрежи, пишуваат дека во нивниот тим игра најдобриот напаѓач, а денеска некои од нив извадија и македонско знаме.
Доколку Миовски продолжи со оваа форма во текот на сезоната, не е чудно Абердин само да биде негова попатна станица до поголем клуб.
Red Shed bouncing i’day #Miovski #StandFree #AberdeenFC #Pittodrie pic.twitter.com/GCrXKvF8Cj
— Adel Weiss (@adel_von_weiss) August 27, 2022