164
Силекс дојде во водство со гол на Филип Обрадовиќ во 37. минута од натпреварот, овој фудбалер во 70. минута имаше шанса за победа, но тогаш не погоди.
Пред крајот на првото полувреме Кристијан Велковски со прекрасен гол од далечина израмни на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат.
Утре се играат преостанатите четири меча: Брегалница – Македонија ЃП, Скопје – Шкупи, Работнички – Тиквеш и Шкендија – Струга.