Бившиот селектор, Игор Ангеловски конечно најде нова работа

by
1 минути читање

По пауза од една година, Игор Ангеловски се враќа на тренерската работа. Македонскиот стратег се поврзуваше со повеќе клубови, но на крајот заврши во Горица.

„Игор Ангеловски е нов тренер на ХНК Горица. Македонскиот стратег потпиша договор со нашиот клуб до летото 2024 година“, стои во соопштението на хрватскиот клуб.

Ангеловски вели дека е среќен поради новиот ангажман.

„Морам да му се заблагодарам на претседателот на одлуката јас да ја превземам Горица. Многу брзо се договоривме и среќен сум поради доаѓањето. Ја следам хрватската лига уште откако бев селектор на Македонија бидејќи многу наши играчи играат во ова првенство. Среќен сум што тоа од година во година станува се подобро, а тоа е голема мотивација и за тренерите“, вели Ангеловски.

По шест одиграни кола, Горица се наоѓа на претпоследното место на табелата во хрватската лига со освоени пет бода.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×