Седлоски: Вечерва загубивме во втората минута

by
1 минути читање

Шкупи вечерва со 1-0 беше поразен на гостувањето кај Балкани и со вкупни 3-1 е елиминиран од Европа.

На денешниот меч фудбалерот на Шкупи, Џелил Абдула во втората минута направи фаул како последен во одбраната и заработи црвен картон. Македонскиот шампион цел меч играше со фудбалер помалку.

„Честитки за Балкани за нивниот пласман во групите во Конференциската лига, им посакувам многу успех, а ние скапо ги плативме грешките кои противникот знаеше да ги искористи“, вели Седлоски.

„Вечерва загубивме во втората минута кога останавме со фудбалер помалку. Тешко се игра фудбал со десетмина, но ние игравме добро во поголем дел од мечот, но грешките од Скопје пресудија“.

„Имавме долг европски пат и треба да сме со кренати глави без оглед на сѐ. Нам ни фалеше искуство за вакви мечеви, зашто некои играчи првпат играа вакви средби“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×