Алиоски дебитираше за Фенербахче, Жезус и навивачите го фалат нашиот фудбалер

by
1 минути читање

Алиоски беше стартер на мечот и во игра остана до 79. минута кога беше заменет.

Во текот на мечот и по завршувањето имаше само позитивни коментари од навивачите на Фенербахче на твитер, а по натпреварот задоволство од играта на македонскиот фудбалер искажа и тренерот Жорже Жезус.

„Алиоски одигра многу добро во неговиот прв натпревар. Го извадив од игра бидејќи имаше жолт картон и беше уморен, но мислам дека одигра многу добар натпревар“, изјави Жезус по мечот.

Фенербахче го доби мечот со 2-0 и на реваншот во Истанбул ќе треба само да го завери пласманот во групната фаза од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×