Барди дебитираше за Трабзонспор, Ристовски и Адеми одиграа по 90 минути за Динамо Загреб

by
1 минути читање

ФК Копенхаген имаше водство од 2-0 кога во 58. минута во игра влезе Енис Барди. 20 минути подоцна Трабзонспор успеа да го намали резултатот на 2-1 што беше и конечен исход на мечот.

Ова беа првите минути на Енис Барди во дресот на Трабзонспор.

Турскиот тим се враќа со активен резултат, ќе биде жестока атмосферата на реваншот.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми одиграа по 90 минути за Динамо Загреб кој со 1-0 загуби на гостувањето кај Бодо/Глимт.

Во третиот денешен меч од плејофот за влез во Лигата на шампионите, Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен одиграа нерешено 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×