Шкендија на пенали елиминирана од АИК

by
1 минути читање

Шкендија пропушти
добра шанса да се избори за плеј-оф во Конференциската лига, вечерва во Скопје,
одново одигра 1-1 против АИК, за потоа во драматична рунда на пенали да биде
елиминирана.

„Црвено-црните“
од Тетови поведоа во 22. минута со голот на Хасани, кој погоди од белата точка
за голема радост.

Гостите
изедначија по десетина минути игра во второто полувреме, Ајари искористи една
грешка на Захов и ја затресе мрежата на Шкендија за 1-1.

Со оглед на тоа
дека и на првиот натпревар немаше победник, мечот отиде во продолженија, па на
пенали.

Во пенал рулетот,
гостите отворија со промашување на Ларсон, но Шкендија не ја искористи
психлошката предност, Дита промаши цел гол, а обидот на Дориев беше одбранет.
На крајот промаши и Хасани, па АИК се радуваше на пласман во следната рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани