357
Дарко Чурлинов имаше добри подготовки со Штутгарт, постигна гол во Купот на Германија, но се чини дека нема да продолжи со клубот од „Мерцедес Бенц“ Арена.
Како што пренесува Скај Германија, Македонецот со Андерлехт договорил петгодишна соработка и договор до 2027 година.
Клубот од Белгија сега треба да пронајде дил со Штутгарт, се говори за трансфер помеѓу 4 и 5 милиони евра.
Барнли од Англија исто така пројавува интерес за услугите на Македонецот, но тимот предводен од Компани не сака да плати повеќе од 3 милиони евра.
Шалке исто така сакаше да го задржи Дарко Чурлинов по успешната позајмица, но клубот од Гелзенкирхен не можеше да ја плати сумата која ја побара Штутгарт.